Македонската водителка Лила Филиповска си ја отвори душата по победата на битката со ракот. Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија од Бодрум каде изјави дека лани ова време го поминувала најтешкиот период од својот живот. По суровата и тешка битка, Лила излезе победник и реши да му се радува на животот.
– Минатата година ова време го поминував најтешкиот период од мојот живот. И искрено се прашував дали ќе доживеам следно лето да уживам во убавините на животот! Најчестото прашање што си го поставував беше дали уживав доволно во животот и што пропуштив! Сега година подоцна се обидувам да си ги исполнам сите желби и ќефови без задршка! Па џабе живееш ако не уживаш во животот! А и полесно е кога имам неколку ама вистински пријатели. Патувањата се мојата пасија. На здравје другари, за животот, за љубовта, за нас – напиша Лила на својот профил на Инстаграм.