More

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека неговата партија нема потреба да се огради од Ванчо Михајлов некогашниот контроверзен лидер на ВМРО

    spot_img

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека неговата партија нема потреба да се огради од Ванчо Михајлов некогашниот контроверзен лидер на ВМРО, бидејќи тој е дел од еден континуитет на организацијата кој треба да се почитува.

    -Не, па јас не мора да се сложувам со тоа што во одреден временски период го правеле претходниците во историска смисла на зборот кога раководеле со организацијата, па со денеска современото ВМРО-ДПМНЕ, за неколку децении можеби некој од нас ќе се оградува. Тоа не значи дека ние сме се сложувале со тие политики, но тоа е еден континуитет којшто ВМРО-ДПМНЕ го има преземено и тој континуитет треба да се почитува, ние сме партија за македонско национално единство, не мора да се сложуваме со политиките на претходниците и затоа велам да се задржиме на денешницата и да гледаме кон иднината – изјави Мицкоски во интервју на телевизија Канал 5.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ направи разлика и на тоа што значат Цар Борис Трети и Ванчо Михајлов и зошто не бара затворање на битолскиот клуб на Бугарите со името на Михајлов.

    -Ванчо Михајлов бил предводник на организација во еден историски период, цар Борис бил предводник на една држава којашто соработувала со нацистите за време на Втора светска војна и наредила да бидат испратени повеќе од 7.200 во тоа време македонски граѓани со еврејско потекло во концентрациониот логор Треблинка. Има разлика од едниот до другиот. Ние може да зборуваме за многу контраверзи поврзани за Иван Михаилов, или Ванчо Михајлов како вие што го кажувате, и можеме да зборуваме и за неговата биографија, којашто е да, контраверзна, и која што лично јас не се сложувам со начинот на кој тој делувал во определен период кога тој делувал. Но, мислам дека треба да се задржиме на денешницата, а денешницата е дека имаме клуб којшто провоцира, не обединува, којшто носи име на човек којшто во македонската историја нема добра улога, а тоа царот Борис Трети којшто бил соработник на нацистите во Втората светска војна, и којшто од Македонија испратил над 7.200 Евреи во концентрациони логори и владата треба да го затвори тој клуб.

    На 14 октомври, Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола ги дискриминира и вознемирува борците од антифашистичката Народноослободителна борба (НОБ), македонскиот народ и етничките заедници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img