ВМРО-ДПМНЕ смета дека директорот на АНБ, Виктор Димовски не заслужува да биде амбасадор во Франција

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

ВМРО-ДПМНЕ смета дека директорот на АНБ, Виктор Димовски не заслужува да биде амбасадор во Франција. Партијата бара Министерството за надворешни работи да ја  преиспита одлуката и да го повлече предлогот, бидејќи Агенцијата што ја води  Димовски ја тресат неколку скандали. Од ВМРО-ДПМНЕ побараа претседателот Стево Пендароски да не го одобри одењето на Димовски во Франција.

Драган Ковачки, членот на ИК на ВМРО – ДПМНЕ денеска на прес конференција рече дека е трагедија  за една држава која претендира да биде демократска, да дозволи самоволието, неспособноста и сомнежите за криминализираност на директорот на Агенцијата, Виктор Димовски да бидат фактори од кои ќе зависи националната безбедност, но и меѓународниот углед на државата.

Според Ковачки, Димовски не заслужува да биде ниту на  чело на АНБ.

Тој потсети дека македонската јавност само во изминатиот месец неколку пати беше запознаена дека Агенцијата за национална безбедност е ставена во целосна функција на криминалот и на партиите СДСМ и ДУИ.

– Последниот скандал со изработка на позитивна проверка за лице за добивање државјанство, а кое било барано со потерница и е ставено на црна листа на стратешкиот сојузник – САД, само потврдува дека АНБ е во целосен нокаут и дека криминалот е длабоко навлезен во структурите. Очигледно е дека кога се пари во прашање, за раководството во АНБ не постои Закон и процедура која не може да ја заобиколи, притоа не водејќи сметка за штетата на меѓународниот углед кој и’ го нанесува на најмладата НАТО членка.Не само што не се способни цели 2 недели да откријат лажен дојавувач за бомби во училиштата, не само што рекордно во рок од 2-3 дена прават безбедносни проверки за лица кои се вработуваат по партиски клуч (случај Бесмира Ејупи), туку целиот свој фокус го имаат ставено на електронско и физичко следење и документирање на опозицијата, а се’ со цел опстојување на власт на најкорумпираната и неспособна власт во историјата на независна Македонија – рече Ковачки.

Тој бара МНР да ја преиспита одлука и да го повлече предлогот, а ако не го стори тоа МНР , претседателот Стево пендаровски да не даде согласност.

– Мора да се стави крај на наградувањето на структурите кои работат исклучиво за партиски и криминални потреби, а на штета на националниот углед и интереси. Доколку МНР не ја повлече одлуката за номинирање на се’ уште актуелниот директор на АНБ за амбасадор во Франција, на потег ќе биде претседателот Пендаровски. Барем еднаш нека се одважи и нека не биде партиски извршител, односно нека не го потпишува Указот за лице кое и’ нанесува срам на Македонија. Ова дополнително и поради фактот што истото лице беше споменато во Викиликс дека е „во џебот” на една соседна држава што не е членка на НАТО – рече Ковачки.

Share This Article