More

    Лидерот на Левица со обвинение дека ВМРО ДПМНЕ ќе ги внесе бугарите во уставот

    spot_img

    ВМРО-ДПМНЕ ќе ги внесе Бугарите во Уставот по следните парламентарни избори – изјави претседателот на Левица Димитар Апасиев во интервју за ТВ 24.

    – ВМРО-ДПМНЕ сега е божем тврд орев додека не дојде на власт, но кога ќе дојдат ќе го сменат Уставот. Јас се ежам од тој број 8. Осум пребегаа кога се гласаше Преспански договор, или ги уценија, или ги зедоа. И сега осуммина не гласа за амнестијата. Се надевам, нотарските изјави кои ги даваа ќе додржат во овој мандат. Ама за следниот не се надевајте. Следниот мандат ќе биде променет уставот од страна на ВМРО-ДПМНЕ – рече Апасиев.

    Тој предвидува дека во следниот парламентарен состав Левица ќе има двоцифрен број пратеници. Апасиев потсетува дека претходно предвидел дека Алијанса за Албанците ќе влезе во Владата.

    – Јас имам политичко знаење, моите пророштва се остварауваат во 90 отсто од случаите – рече Апасиев.

    Во врска со превирањата во ДУИ, тој рече дека Ахмети направил грешка што допуштил „огнените“ да формираат фракција.

    – Ахемти ја направи првата грешка што ќе го чини многу, а тоа е што не ги исклучи веднаш „огнените“. Партија не смее да си дозволи фракции. Мора да имате контрола. Ова ги ослабе многу ДУИ. Тоа не е партија, туку мафија. Сега ги имаме овие што го држат подземјето, и Ахмети кој има неприкосновен модел на УЧК-командат. Може сега да ги пушти низ вода со кривични пријави, а овие да му вратат. Ќе биде интересно – рече Апасиев.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img