Лидерот на Хамас: Се ближиме до склучување договор за прекин на огнот во Газа
Лидерот на Хамас Исмаил Ханије најави дека палестинската организација е се поблиску до „склучување договор за прекин на огнот“ во Појасот Газа.
„Организацијата (Хамас) го даде својот одговор на браќата од Катар и на посредниците. Се поблиску сме до договор за прекин на огнот“, објави кратка порака на Телеграм Ханија, која живее во Катар.
Војната меѓу Израел и исламскиот екстремистички Хамас, кој владее со Газа, започна на 7 октомври кога палестинските екстремисти ја пробија граничната ограда и влегоа во јужен Израел, убивајќи повеќе од 1.200 луѓе, главно цивили, а земајќи околу 240 заложници.
Израел тогаш вети дека ќе го уништи Хамас и постојано ја бомбардира Газа, мала, густо населена палестинска енклава, и започна копнена офанзива на 27 октомври.
Оттогаш, 13.300 Палестинци загинале во Газа, меѓу кои повеќе од 5.600 деца и 3.550 жени, се наведува во синоќешното соопштение на владата на Хамас. Околу 31.000 луѓе беа ранети.