Лидерот на Хамас на гости кај Ердоган

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул имаше двоипол часовен разговор зад затворени врати со лидерот на палестинската исламистичка група Хамас, Исмаил Ханија. По средбата, ердоган истакна дека Турција ќе продолжи со дипломатските напори да го привлече вниманието на меѓународната заедница кон угнетувањето на Палестинците и порача дека Израел ќе плати за своите злосторства, пренесе НТВ Хабер.

– Барањата за прекин на огнот во Газа досега не дадоа никакви резултати. Турција продолжува со дипломатските напори и во секоја прилика ќе укаже на потребата за прекин на бруталноста и итен траен прекин на огнот. Израел еден ден ќе ја плати цената за угнетувањето на Палестинците – рече турскиот претседател.

Тој оцени дека формирањето на независна држава Палестина е клучот за регионалниот мир и воспоставувањето траен мир во регионот. Ердоган ја потврди континуираната помош за Газа и рече дека се спроведени голем број санкции против Израел, вклучително и трговски ограничувања. Тој истакна дека Турција до денес испратила повеќе од 45.000 тони хуманитарна помош во тој регион.

Коментирајќи ги тензиите меѓу Израел и Иран, Ердоган ја истакна важноста од преземање напори повторно да се сврти вниманието на Газа со цел да се спречи, како што наведе, да се распрсне атмосферата на Западот која ги доведува во прашање нападите на Израел.

– Најсилниот одговор на Израел и патот до победата е преку единство и интегритет – рече Ердоган, додавајќи дека Израел го залажува меѓународното јавно мислење и дека на тоа треба постојано да се укажува, како и на „праведноста на палестинската кауза“.

Ердоган му изразил сочувство на Ханије поради смртта на неговите тројца синови и внуци, кои неодамна загинаа во израелски напад.

фото: МИА

Share This Article