Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека со ВМРО-ДПМНЕ немало никаков договор за уставните измени или пак за измените на Кривичниот законик

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека со ВМРО-ДПМНЕ немало никаков договор за уставните измени или пак за измените на Кривичниот законик.  Во интервју за ТВ21 од неговиот дом во Зајас, Ахмети открива дека постоеле разговорите и „тајни средби“ кои ги имал со Никола Груевски и со Зоран Заев на тема Кривичен законик, но вели дека Христијан Мицкоски се повлекол од нив, а тој бил изненаден од ваквиот потег.

– Првично не се согласуваше Зоран Заев, и потоа кога договоривме да се укине договорот со СДСМ затоа што СДСМ првично се повлече, кога се договоривме со СДСМ тогаш се повлече ВМРО-ДПМНЕ. Се повлече Христијан Мицкоски од измената на Кривичниот законик и ова беше големо изненадување. Имало десетици средби во клубот на пратеници за измена на овој Законик и да се усогласи со европските стандарди. Во тие средби имало работни групи. Средбите се остварени на многу таен начин помеѓу Зоран Заев, Никола Груевски и мене. Сме разговарале со часови и денови. Дојдовме до моментот кога се согласивме сите и на крајот се повлече ВМРО – вели Ахмети.

Според него, не е точно дека Кривичниот законик е прогласување амнестија.

– Амнестијата има друг карактер, додека Кривичниот законик и измените што се направени се сосема друга работа. Кривичниот законик, кој го менуваме, е фосилен остаток од југословенскиот режим. Да се пролонгираат истрагите, да се држат луѓето под истрага шест, осум години… И целиот законик, промената што беше направена е направена за да има функционална држава и функционално судство. Да не се држи човек под истрага шест години и потоа да се ослободи како невин – вели Али Ахмети.

На прашање дали со ВМРО-ДПМНЕ има договор за уставните измени, Ахмети децидно одговори дека не постои никаков договор.

– Нема никаков договор со ВМРО да се изгласаат уставни измени. ВМРО јавно го искажа својот став дека нема да ги изгласа уставните измени под бугарски диктат. Ние овде имаме огромни разлики, ова е многу жешка тема и тема која бара многу поконцентриран пристап. Ние овде се разликуваме многу со ВМРО – заклучува Ахмети.

Според Ахмети, Мицкоски има одговорност затоа што уставните измени отвораат пат напред за државата.

– Христијан Мицкоски треба да размисли убаво. Тој има голема одговорност како лидер на опозиција. Треба да разбере дека уставните измени отвараат пат напред за државата, отвараат пат за развој на државата. Просто е тоа, земете го извештајот на Ирска и видете колку Полјаци се вратени во Полска после зачленувањето на земјата во ЕУ. Кај нас бегаат младите. Ако Мицкоски, Ковачевски, Ахмети, Тачи, Таравари сакаат да останат сами во Македонија и да гласаат меѓу себе, тогаш нема да гласаат за уставните измени, и луѓето ќе ни избегат од државата – порача Ахмети.

Share This Article