Лидерите на Северна и Јужна Кореја разменија „пријателски“ писма

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун му се заблагодари на јужнокорејскиот претседател во заминување Мун Џе-ин за неговите напори да ги подобри односите меѓу двете земји, објавија официјалните севернокорејски медиуми.

Ким и Мун ги споделија ставовите дека „меѓукорејските односи ќе се подобрат и ќе се развиваат според желбите и очекувањата на (корејската) нација доколку (Северот и Југот) вложат неуморни напори и надеж“, наведува КЦНА.

Претседателството во Сеул потврди дека двајцата лидери размениле пријателски писма, но не се дадени детали.

Неочекуваниот гест доаѓа во време кога Сеул и неговите сојузници се сомневаат дека Пјонгјанг се подготвува да продолжи со нуклеарните тестови.

Наследникот на Мун Џае-ин, Јун Сук-џеол, ја презема функцијата на 10 мај. Тој вети дека ќе заземе цврст став кон Пјонгјанг.

Претседателот на Јужна Кореја во заминување трипати се сретна со Ким Џонг Ун и придонесе за разговорите меѓу севернокорејскиот лидер и тогашниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Share This Article