More

    Либански Хезболах го изврши вториот напад на израелската поморска база за 24 часа

    spot_img

    Либанскиот Хезболах денеска објави дека истрелал ракети врз израелската поморска база во близина на Хаифа, во северниот дел на Израел, во вториот таков напад во последните 24 часа.

    „Тоа е одговор на нападите и масакрите извршени од израелскиот непријател во Либан“, рече Хезболах, прецизирајќи дека цел била поморската база Стела Марис северозападно од Хаифа.

    Тоа проиранско движење вчера објави дека ја нападнало таа база со ракети, наведувајќи ги истите причини.

    Во одвоено соопштение Хезболах наведе дека денеска истрелал ракети врз воздухопловната база Рамат Давид, која се наоѓа на околу 45 километри од израелско-либанската граница.

    Хезболах истрела проектили кон Израел од 8 октомври 2023 година, еден ден откако започна војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Појасот Газа, откако Хамас започна неселективен напад на израелска територија. Хезболах вели дека дејствува како поддршка на Хамас.

    Од 23 септември Израел спроведува кампања на интензивни напади во Либан, а од 30 септември започна копнена офанзива на југот на Либан.

    Израел вели дека сака да го неутрализира Хезболах за да дозволи враќање на околу 60.000 жители во северен Израел, раселени поради непрестајните ракетни напади од почетокот на војната во Газа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img