Левица предлага да се воведе максимален износ за кирии, односно ограничување на месечната цена заизнајмување на станоцвите, со измени на Законот за домувањето

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Левица предлага да се воведе максимален износ за кирии, односно ограничување на месечната цена заизнајмување на станоцвите, со измени на Законот за домувањето, рече денеска пратеникот Амар Мециновиќ. Тој посочи дека во законот има минимална, а нема максимална цена на кириите.

– Законодавецот вешто во законот има предвидено минимална граница за изнајмување на станот, која изнесува една дванаесеттина од два посто од станот. За стан од 100 илјади евра, тоа значи минимална закупнина од 166 евра. Левица предлага воведување на максимална граница и тоа во износ од три отсто од вредноста на станот, што би значело дека за истиот стан максималната вредност би била околу 250 евра – рече Мециновиќ.

Според него, за предлогот има две причини. Првата е дека бројот на студентските легла во Скопје е на алармантно ниво. Ако до 2020 година имало 4.000 легла, сега има 2.000 легла.

– Овој проблем нема да се санира скоро и во комуникација со студентските организации дојдовме до заклучок дека е потребно општествено санирање на овој проблем. Една од санациите кои можеме да ги предложиме е токму ова, ограничување на износот за изнајмување на кириите – рече пратеникот.

Втора причина, додаде тој, е што во Европа веќе има таква пракса.

– Има многу држави кои имаат креативни решенија за ограничување на можноста за рентање на становите.  Холандија има ограничување на можноста за покачување на закупнината. Германија има конкретно вакво ограничување со горна граница како ние што предлагаме – рече Мециновиќ.

Според него, освен студентите, со овој проблем се соочуваат самохраните родители, работниците од внатрешоста на Македонија и др. Едноставно, вели тој, заради карактеристиката на Македонија како социјална држава, овој проблем мора да се санира на вистински начин, а не изнајмувањето станови да претставува одреден бизнис.

– Сакаме да потенцираме и дека на универзитетите има нови давачки и нерационални давачки. Универзитетот УКИМ сега на студентите им предвидува нови 5000 ден. давачки, така што во целиот овој контекст, ние го предлагаме овој закон по скратена постапка, затоа што не е сложен и обемен и бараме поддршка од сите пратенички групи – рече пратеникот од Левица.

Share This Article