Летонскиот кошаркар Јанис Тима ноќеска се самоуби во Москва. Се дознава дека телото на 32-годишниот Тима било пронајдено во влезот на петкатница во центарот на руската престолнина.
Тима играше за Рига, Венспилс, Химки, Зенит, УНИКС, Басконија и за Олимпијакос. Негов последен професионален клуб беше шпанскиот Обрадоиро, за кој играчот настапуваше во втората половина од сезоната 23/24. Во 2022 година, играше во Лигата за развој на НБА.
До телото на Тима бил пронајден телефон со порака до неговата поранешна сопруга.