Автомото сојузот (АМСМ) потсетува дека од 1 јули до 31 август на автопатиштата и магистралите се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Забраната за автопатиштата е следна: в петок од 17.00 – 22.00 часот, сабота од 09.00 до 18.00 часот и в недела од 09.00 до 22.00 часот.
На магистралниот пат Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали: петок од 15.00 – 22.00 часот, сабота од 07.00 до 12.00 и од 18.00 до 24.00 часот и в недела од 07.00 до 22.00 часот.
Утрово според информацијата на АМСМ сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.