Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена предизвика лавина коментари на социјалните мрежи со својот моден стил.
Во новогодишната програма на една телевизија во Босна и Херцеговина настапи и Брена, но она што на сите најмногу им го привлече вниманието беше нејзината модна комбинација. Мегапопуларната пејачка се појави во долг фустан со мотив на голо женско тело, украсен со златни светки.
Фустанот на Брена предизвика многу коментари. Додека на некои им се допадна храбрата модна идеја на музичката ѕвезда, други беа шокирани:
– Лепа Брена во најгрдиот фустан што сум го видел во животот – напиша еден корисник на Твитер.