Лепа Брена и Боба Живојиновиќ слават 32 години во брак

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Венчавката на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ на почетокот од 90-те години  беше главниот настан за кој тогаш пишуваа сите медиуми, а денес популарната двојка слави 32 години од својот брат.

Сè уште се раскажува како поради венчавката на познатата двојка, бил откажан дури и Дневник 2 на националната телевизија за да може младенците во живо да се приклучат на програмата, а има и еден немил настан кој го откри матичарот.

Матичарот кој венчал со многу познати личности, Радивој Мрѓа, за српските медиуми откри детали од „свадбата на векот“ и за еден непланиран куршлус кој за малку ќе ја расипел прославата.
Имено, венчавката на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ требало да се одржи во големата конференциска сала на Сава Центар во Белград. Се планирало се да биде украсено во холивудски стил, да свири симфониски оркестар, но непосредно пред почетокот на свадбата во салата пукнала цевка, па венчавката била преместена во кино сала, иако сите гости веќе биле пристигнати.

– Иако овој настан е повеќе од непријатен, Брена и Боба реагираа феноменално. Свадбата на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ беше спектакуларна – се присети матичарот.

Најголемата ѕвезда на југословенската музичка сцена и славниот тенисер имаа 600 гости, а беа послужени дури 650 јадења подготвени од главниот шеф и неговите 60 готвачи.
Тортата беше на пет ката, подароци пристигнуваа од целиот свет, меѓу кои најекслузивниот подарокот стигна од кумот Борис Бекер кој на младенците им го испрати најновиот „мерцедес“. Лепа Брена блесна во венчаница од модната куќа“ Диор“.

Свадба на векот беше главна тема, а VHS касетата со снимката од свадбата на Брена и Боба беше најбарана во видео клубовите со месеци. Свадбата беше само почеток на љубовната приказна која трае повеќе од три децении.

Лепа Брена на својот Инстаграм профил сподели фотографии од свадбата на денот на годишнината.

 

- Advertisement -
Ad image
Share This Article