Леош уверува дека отворањето на преговорите почеток на нова ера за Македонија

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Брзавме да дојдеме во Северна Македонија за да одбележиме со вас почнување на една нова ера – отворањето на пристапните преговори. Ова е патување на кое сакаме да бидеме со вас и затоа сме тука на нашата прва посета. Ова е симболичен чин, меѓутоа и практична можност за нас да разговараме со вас и да разбереме какви се вашите подготовки, и да ви кажеме дека ќе бидеме со вас на секој чекор од тој пат, истакна Јавурек Леош кој ја предводи Работната група на Советот на ЕУ, задолжена за проширување и за земјите коишто преговараат за пристапување (КОЕЛА) на заедничката средба на Националниот совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања.

– Кога станува збор за проширувањето Советот носи одлуки, а членовите на оваа работна група ги подготвуваат тие одлуки на Советот и тие се оние кои гледаат и слушаат за министрите кои, се во првиот ред во проценката и прегледот на тие инфиормации и да создадат позиција на земјата што подоцна се формира во мислење на министерот и така се носи мислење на Советот. Затоа е значајно нашите членови да се целосно информирани и да се вклучат со нашите партнери и да добијат целосна слика и тоа е дел од нашата мисија. Но секако, драго ни е што дојдовме за да прославиме со вас и да ја рашириме радоста дека има нова фаза од процесот, нов моментум, отворање на нов пат кон кој што одите. дека не чекате повеќе, дека конечно имаме нешто конкретно на што ќе се фокусираме и ќе работиме – нагласи Леош.

Тој нагласи дека ќе има многу прашања кои во текот на преговорите ќе треба да се разгледаат и многу поглавја кои ќе треба да бидат отворени, да се преговора за нив и да бидат затворени, како што е примерот со животната средина и прашањето на аерозагадувањето во Скопје, а групата ќе следи и потоа и ќе одлучува дали чекорите што се преземаат во земјава се доволни, формирајќи ја позицијата на Советот.

– Ве уверувам дека земјите-членки се среќни што вие се движите напред на патот кон пристапување и се сртеќни да ви пружат помош и поддршка на овој пат за да го постигнете вашиот успех – рече Леош, посакувајќи им среќа на пратениците кои ќе имаат своја значајна улога на тој пат на земјата.

Шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава амбасадорот Дејвид Гир истакна дека преговорите се отпочнати, почнуваме да градиме одредена динамика, а патот напред е јасен. Календарот на настани е веќе определен и утре ЕК ќе почне со длабински објаснувачки скрининг, кој ќе завши до ноември. Билатералниот скрининг кој ќе почне во ноември ќе го покрие целокупниот спектар на европски политики и законодавство, кој е организиран врз основа на новата методолгија во шест кластери и 33 поглавја од АКИ-то. Овој процес подразбира мобилизирање на државните институции и целото општество, а Собранието, вели, ќе има значајна улога за овој процес и особено соработката на Комисијата за европски прашања и НСЕИ.

– Ова значи дека членовите на Собранието од сите политички партии треба да работат заедно на реформската агенда во интерс на граѓаните, затоа што недостигот на соработка ги спречува реформите и ќе го забави напредокот на земјата на нејзиниот европски пат… Патот ќе биде сложен и тежок но нема да бидете сами на тој пат, ние ќе бидеме со вас на секој чекор од тој пат. Ќе овозможиме суштинска, техичка политичка и финансиска поддршка, но тешките одлуки останмуваат на вас. Треба да ги искористите можностите кои што ги овозможува процесот на преговори и да спроведете реформи, да изградите јавен консензус, да се премостат поделбите за што е можно побрзо да се придружите во евроспкото семејство – порача евроамбасадорот Гир.

Претседателот на НСЕ кој доаѓа од опозицијата пратеникот Александар Николоски и претседателот на Комисијата за европски прашања од редовите на власта пратеникот Арбр Адеми искажаа подготвеност за соработка бидејќи членството во ЕУ е стратешка цел на земјата.

– Ова е процес на кој долго чекавме и за кој има консензус меѓу власта и опозицијата не само сега туку и во минатото, и клучлните политичлките партии и од власта и од опозицкјата поддржуваат членство во ЕУ – рече Николоски кој пред делегатите на КОЕЛА ја претстави работатата на НСЕИ како уникатно инклузивно тело од сите општестевени фактори кое ќе дава мислења, насоки и препораки за процесот на преговори и тоа со консензус.

Пратеникот Адеми меѓу другото нагласи дека процесот на преговори бара хармонизација од сите политички партии за да бидеме победници на тој пат, останува само да се постигне договор во каков формат Собранбието ќе се вклучи во процесот на преговори.

- Advertisement -
Ad image

– Сега за нас е значајно што побрзо да почне процесот на уставни измени. Наша задача е да го отвориме Уставот и дел од Уставот да станат три етнички заедници, Бугарите, Хрватите и Црногорците со цел отворање на првиот кластер. Имаме поткрепа и од Чешката Република очекуваме совети и од вас – рече Адеми.

Работната група за проширување и за земјите кои преговараат за пристапување во ЕУ (КОЕЛА) во рамки на дводневната посета на земјава е резултат на отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија во јули 2022 година. Имаа средби со премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот и главен преговарач Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи и претставници на министерствата и другите институции вклучени во таканаречениот „Кластер 1“ од преговорите за пристапување во ЕУ („Основи“).

Како што информираат од Делегацијата на ЕУ во Скопје, КОЕЛА се сретна и со претседателот на Собранието Талат Џафери. Делегатите од КОЕЛА ќе разменат мислења и со претставници на граѓански организации.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article