Македонскиот атлетичар Леонид Вандевски го собори националниот рекорд во дисциплината 2.000 метри стиплчес. На меѓународниот митинг кој изминатиот викенд се одржа во германскиот град Пилхаузен,
Вандевски заврши на 8.место, истрчувајќи ја патеката со време од 6:00.49 минути со што го собори претходниот рекорд на Нехат Алуи (6:16.4) од далечната 1975 година.
Нов македонски рекорд изминатиот викенд постигна и Јован Стојоски во дисциплината 400 метри со пречки.
Стојоски на меѓународниот митинг во Марибор, Словенија во трката на 400 местри постигна време од 53.65 секунди. Претходниот рекорд (55.11) датираше од 1980 година и беше во сопственост на Бранко Илиевски.