More

    Лекови и храна се доставуваат до грчките села погодени од поплави со беспилотни летала

    spot_img

    Лекови и храна се доставуваат со беспилотни летала до селата во Грција до кои не може да се стигне по копно по разорните поплави, јавува Анадолија.

    Во септември, Грција двапати се соочи со разорни поплави кои зафатија многу места.

    Според грчката државна новинска агенција АМНА, транспортот сè уште не е возможен до некои села во регионот Музаки кај Трикала, една од најпогодените провинции од поплавите.

    Општина Димос во соработка со тимот на Цивилна заштита со беспилотни летала ги достави потребните лекови и храна до непристапните села.

    Одроните предизвикани од поплавите затворија многу рурални патишта.

    Грчкиот регион Тесалија на крајот на септември по втор пат за еден месец беше погоден од поплави. На подрачјето на Тесалија поплавени се куќи, деловни објекти, земјоделски површини и патишта, особено во Волос, Пили, Лариса и Фарсала.
    Многу патишта се затворени за сообраќај поради одрони. Поради обилните врнежи голем дел од Волос остана без струја. Повторно беше поплавена и болницата во Волос, а граѓаните беа предупредени да не излегуваат од домовите.

    Најмалку 17 лица загинаа во катастрофалните поплави што на почетокот на истиот месец го зафатија регионот на Тесалија.

    Тогаш беа поплавени повеќе од 750.000 хектари земја, а населените места, земјоделските површини и инфраструктурата во регионот беа сериозно оштетени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img