Болки во карлицата, тешки периоди и непријатност за време на сексуалниот однос се вообичаени симптоми на ендометриоза. Сепак, симптомите на оваа болест, која ја погодува речиси секоја десетта жена во репродуктивниот период во светот, може значително да варираат.
Симптомите може да варираат од карлична болка и замор до проблеми со зачнувањето.
Овој сериозен гинеколошки проблем, од кој страдаат 176 милиони жени во светот, предвидува раст на ткиво, слично на слузницата на матката, односно ендометриумот, на други места, како што се јајниците и јајцеводите, што доведува до воспалителни процеси и неподнослива болка.
Многу жени се борат со години за да добијат точна дијагноза и покрај болката што ги попречува нивните секојдневни задачи.
„Ендометриозата може да биде тешко да се дијагностицира бидејќи симптомите може многу да варираат од жена до жена. Некои може да имаат сериозни симптоми, додека други не. На пример, нивните симптоми честопати може да бидат слични на класичните менструални болки’“, објаснува д-р Бина Мехта и ги истакнува помалку познатите симптоми кои исто така често укажуваат на ендометриоза. Кои се:
– проблеми со варењето (абдоминална болка, надуеност, запек)
– замор
– чувство на печење или други непријатни чувства при мокрење
– проблеми со зачнувањето
Иако секој од овие симптоми може да биде знак за некои други здравствени проблеми, гинеколозите објаснуваат дека често се јавуваат токму кај жени кои имаат недијагностицирана ендометриоза, пренесува Index.hr.