Лекарите предупредуваат на најраните знаци на леукемија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Леукемијата е малигно заболување кое има висока смртност бидејќи во повеќето случаи се открива предоцна.

Иако постојат симптоми, луѓето најчесто ги припишуваат на помалку опасни состојби како стрес, замор или исцрпеност. Одредени знаци на предупредување се појавуваат уште на самиот почеток, па не треба ниту случајно да се игнорираат, велат од клиниката Мејо.
Постојат многу видови на леукемија. Некои форми на леукемија се почести кај децата, додека други главно се јавуваат кај возрасните.

Кај луѓето со леукемија, коскената срцевина произведува прекумерна количина на абнормални бели крвни зрнца кои не функционираат правилно.

Што се однесува до симптомите, лекарите предупредуваат дека тие варираат од личност до личност, но зависат и од самиот тип на леукемија.

Вообичаени симптоми на леукемија вклучуваат:

– покачена температура

– хроничен замор или слабост

– чести инфекции кои не поминуваат долго време или упорно се враќаат

– нагло губење на тежината

- Advertisement -
Ad image

– склоност кон модринки

– чести крварења од носот

– мали црвени дамки на кожата

- Advertisement -
Ad image

– зголемено потење, особено навечер

– болки во коските.

Share This Article