Американскиот поранешен тенисер, Андре Агаси, смисли интересен начин како да го „престигне“ Новак Ѓоковиќ, тенисер број еден во светот по гренд слем титули. Меѓутоа, во таа прилика се преброи.
Агаси долги години е во врска со Штефи Граф, а тенисерката се пошегува дека во случај на нивен развод половина од грен слем трофеите ќе му припаднат нему, а тој така ќе му се закани на Ѓоковиќ. Но, и во тој случај не би го надминал Новак бидејќи има осум титули, Штефи Граф има 22 (па половина е 11), а Ѓоковиќ 23 трофеи на најголемите турнири.
„Ако некогаш ме остави, јас добивам половина од нејзините Слемови, нели? Тоа мора да биде околу 29, така што Новак има уште многу да помине“, се пошегува Агаси.
Ѓоковиќ оваа сезона освои три Грен слем титули и тоа Австралија Опен, Ролан Гарос и УС Опен.