Легендарниот пејач со брза помош бил пренесен на пулмолошката клиника во Сплит

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Легендарниот пејач Мишо Ковач (82) синоќа со брза помош бил пренесен на пулмолошкото одделение во болицата во Сплит. Хрватските медиуми пренесуваат дека пејачот бил хоспитализиран со многу висока температура и дека е задржан на лекување.

– Татко ми заврши во Клиничкиот болнички центар во Сплит бидејќи имаше висока температура. Ништо сериозно. Постарите кои веќе имаат некои потешкотии како него, треба да одат во болница… Не е исто како кај нас здравите кога ќе кренеме висока температура – изјави за Вечерњи.хр ќерката на Мишо Ковач, Ивана.
Легендарниот пејач кој е на 82-годишна возраст, и лани имаше здравствени проблеми. Поради висока температура и болест го откажа настапот на дочекот на Новата година во Вуковар. Една година порано тој прележа и корона.

Мате Мишо Ковач е еден од најпознатите хрватски и југословнески музичари. Тој е најпродаваниот изведувач од Хрватска и поранешна Југославија, со над 20 милиони продадени плочи, касети и ЦД-а.

Share This Article