Синот на легендарниот музичар Род Стјуарт, хокеарот Лиам Стјуарт, денеска го кажа судбоносното „да“ на својата долгогодишна девојка Никол Артуковиќ, чие семејство е по потекло од Конавле и Херцеговина. По венчавката, новопечениот пар позирал со семејството. Младоженецот го носел нивниот мал син, држејќи се за рака со невестата.
По венчавката, пред црквата имало веселба. Свиреле гајди, со оглед на тоа дека младоженецот е Шкотланѓанец, а Род запеал.
„Дубровнички дневник“ објави видео од веселбата пред црквата.
Кога пристигнала невестата Никол, почнало да врне, па ја покриле со голем бел чадор. Но, таа била добро расположена и покрај дождот. Младоженецот Лиам носел бел костум, а невестата раскошна венчаница во комбинација со бели ракавици.
Гостите се собрале пред дубровничката црква. Легендарниот музичар меѓу првите пристигнал пред црквата и предизвикал метеж. Туристите го опкружиле за да се фотографираат со него.
За потсетување, Никол и Лиам приредија забава за добредојде во Палм Гарден, терасата на луксузниот хотел со поглед на градот. На оваа локација чести се летните забави, свадби и концерти.
По црковната церемонија, младенците и гостите се искачиле на тврдината Ловренац, каде е предвидена забава до два часот по полноќ.