More

    Легендарниот играч на Барселона му вперил пиштол во главата: „Не одете во полиција…“

    spot_img

    Легендата на Барселона, Баерн и холандската репрезентација Марк ван Бомел се соочува со сериозни проблеми во Белгија.

    Ван Бомел се соочува со смртни закани од навивач кој сака да стане професионален фудбалер, а познат е и неговиот идентитет. Станува збор за Џамалех Хабан, која веќе подолго време упатува сериозни закани до тренерот на белгиски кралски Антверпен.

    Според медиумите, Хабан од тренерот бара професионален договор, а тој сето тоа го прави со заплашување. Во една прилика Хабан упаднал пред куќата на поранешен фудбалер на Барселона и се обидел да го заслепи со факел пред да извади пиштол, но Ван Бомел успеал да побегне, пишува англиски Мирор.

    Исто така, тренерот на Антверпен добил пораки во кои Хабан нему и на неговото семејство му се заканувал со смрт.

    „Слушај Марк, животот на твоето семејство зависи од ова, дозволете ми да бидам професионален играч. Не оди во полиција, ќе те убиеме тебе и твоето семејство. Знаеме каде живееш“, напиша Хабан во една порака.

    Но, сето тоа холандскиот експерт го пријавил во полиција и покрената е судска постапка.

    „Не можеме да се смееме на ова. Последиците од овие настани не треба да се потценуваат. Мојот клиент е навикнат на некои работи, но не и на ова. Тој повеќе не се осмелува да спие дома и сега живее во хотел“, изјави адвокатот Џон Мејс за холандскиот весник Het Nieuwsblad.

    Холандскиот стручњак е во Белгија од јануари минатата година и постигна одлични резултати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img