Легендарниот холивудски актер Ричард Гир завчера се појави во утринската емисијата „Тудеј“ за да ја промовира својата нова ТВ-серија „Агенцијата“.
Водителката Савана Гатри на гледачите им најави клип од серијата, а кога камерата се врати на нив, познатиот актер беше снимен со кренат среден прст.
„Штотуку направивте непристоен гест во оваа семејна утринска емисија!“, му рекла шокираната водителка, а 75-годишниот актер се бранел: „Не го покажав, така направив во клипот. Тоа беше клип!“
Водителката му рекла дека тие намерно го исекле тој дел, но Гир тврдел дека клипот „нема смисла“ без гестот и се пошегувал: „Мојата рака го направи тоа, јас сум надвор од контрола“.
Неговиот потег налути дел од гледачите, кои сметаат дека е несоодветен за утринска емисија, додека на некои целата приказна им беше урнебесна.
„Кој друг мислеше дека ѝ покажа среден прст на водителката?“, „Добро се снајде“, „Зошто го направи тоа? Не знам“, се дел од коментарите.