More

    Легендарниот актер Раде Шербеџија и неговата сопруга Ленка Удовички, викендов ја омажија ќерката Нина

    spot_img

    Легендарниот актер Раде Шербеџија и неговата сопруга Ленка Удовички, викендов ја омажија ќерката Нина.

    Нина (31), на својот долгогодишен партнер, српскиот актер Филип Ѓуриќ (37) му ветила вечна љубов пред Бог, а до олтарот ја испратил гордиот татко Раде, држејќи ја цврсто за рака.

    Нина за својот голем ден блеснала во долга, раскошна венчаница, а церемонијата била одржана во Нови Сад.

    Нина не ја криела среќата, а тоа го докажала и насмевката која се гледала низ раскошниот вел.

    Мајката Ленка весело пеела со сватовите, додека сестрите гордо чекореле зад младенците, пренесува „Дневник.хр“.
    Освен Нина, Шербеџија ги има и ќерките Милица и Вања од бракот со Ленка и синот Данило и ќерката Луција, од првиот брак со Иванка Церовац.

    Инаку, Филип е српски актер, кој остварил забележителни улоги во хит сериите: „Црна свадба“, „12 зборови“, „Клун“ и други. Во 2020 година ја остварил најдобрата улога на 55. Филмски средби во Ниш, кога бил награден од колегите со Гран при „Наис“ за неговата бравура во филмот „Моето утринско смеење“.

    Ленка и Раде се во брак 31 година, а тој во една прилика за „ИН магазин“ открил која е тајната на нивната долговечна љубов.

    „Ќе имаме и уште 30. Со неа никогаш не е здодевно. Ленка не доаѓа на моите концерти, бидејќи има трема поради мене. Нема трема кога јас глумам, но кога пеам, има трема“, изјавил Раде, а нивната меѓусебна поддршка зборува за една многу убава љубовна приказна.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img