Легализацијата на производство на канабис за медицински цели се злоупотребува

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Легализацијата на производство на канабис за медицински цели се злоупотребува. Повеќе од 70 фирми произведуваат канабис без ефикасна контрола од државните институции и производството се пласира на нелегалниот пазар, со што се шири нарко-бизнисот и злоупотребата на канабисот, реагира партијата Демократски сојуз.

„Присуството на експерти од странство за борба против нарко-бизнисот во Македонија, потврдува дека овој криминал поприма сериозни димензии и повлекува формирање на нарко-картели, меѓусебни пресметки и ликвидации, како и ширење на наркоманијата во големи размери и надвор од Македонија.

Досега се откриени над 10 „кражби“ на марихуана, обиди за нелегална продажба на канабис итн. Состојбите се загрижувачки и прашање е кога ке добиеме сериозна критика и одлука за забрана на прозводство на канабис и од Организацијата на обединетите нации.
Последната акција на МВР, во која се опфатени и партиски активисти, укажува на примамливоста и огромните нелегални профити од овој вид легализиран криминал.

Во овој „бизнис“ се вклучени и носители на високи државни и политички функции.

ДС по изборите ќе предложи укинување на законот за легализација на производство на канабис за натамошна продажба“ – се вели во соопштението на партијата.

Share This Article