Леди Гага имаше најголема трансформација во блескавата ноќ!

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Иако неколку дена пред доделувањето беше најавено дека пејачката Леди Гага на 95. Оскари нема да ја изведе песната „Hold My Hand“ од филмот „Топ Ган: Маверик“, се чини дека во последен момент дојде до промена на планот.

Леди Гага требаше да ги пропушти Оскарите поради деловни обврски. Имено, таа моментално го снима филмот „Joker: Folie à Deux“ во кој ја глуми Харли Квин и се чинеше дека нема да може да го вклучи доделувањето на Оскарите во својот распоред. Меѓутоа, Гага успеа да се појави и го отпеа својот хит, кој беше номиниран во категоријата за најдобра оригинална песна.

 

Кога станува збор за модата на Оскарите, секоја година има некој чиј изглед ги поделува мислењата, а овој пат таа улога и припадна на Гага.

Пејачката и актерката дојде на доделувањето на наградата во исклучително секси фустан на модната куќа „Версаче“ од нивната колекција за есен/зима 2023/2024 година, која беше прикажана пред само четири дена на спектакуларна ревија во Лос Анџелес.

 

Меѓутоа, среде доделувањето направи комплетна стилска трансформација, ја избриша шминката и се пресоблече во искинати фармерки, маица со кратки ракави и „старки“. Нејзината емотивна избедба беше посветена на режисерот Тони Скот кој го режираше оригиналниот „Топ Ган“.

- Advertisement -
Ad image

 

ФОТО: AFP

- Advertisement -
Ad image
Share This Article