More

    Ледена бура во Квебек – Повеќе од еден милион луѓе се без струја

    spot_img

    Повеќе од еден милион луѓе во Квебек утрово останаа без струја откако синоќа на југоисточниот дел на Канада падна замрзнат дожд, а силните ветрови урнаа дрвја врз повеќе далноводи.

    Во текот на ноќта и утринава, 1.000 работници се обидуваа да ја вратат електричната енергија, соопшти Хидро-Квебек. Компанијата предупреди дека се можни нови прекини.

    „Уверени сме дека денес ќе успееме да ја вратиме електричната енергија на некои од засегнатите корисници“, се вели во соопштението на Хидро Квебек. „За жал, некои корисници се очекува да бидат без струја утре и во текот на викендот.
    Канадскиот премиер Џастин Трудо, кој денеска требаше во Монтреал да го претстави буџетот на својата влада, понуди да обезбеди федерална помош доколку е потребно.

    Според енергетскиот провајдер, Монтреал е меѓу најтешко погодените од прекините на електричната енергија по ледената бура.

    „Во мислите со сите погодени од вчерашното невреме во Квебек и источен Онтарио и благодарност до екипажот што ги расчистува патиштата и ја враќа струјата“, напиша Трудо на Твитер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img