Лажна дојавата за поставена експлозивна направа во основниот суд Охрид.
По извршените проверки, од страната на полициски службеници при СВР Охрид, утврдено е дека во сите простории во зградата на Основниот суд во Охрид, како и во надворешниот дел на околината на судот не постои никаква експлозивна направа.
Во 10 часот полициските службеници се повлекоа од Основниот суд во Охрид, а судот повторно ги отвори вратите за граѓаните.