More

    Лазаров му оддаде почит на првиот човек на Федерацијата

    spot_img

    Најдобриот македонски ракометар кој ја извршува и селекторската функција, Кирил Лазаров, по синоќешниот голем успех и пласманот на Светското првенство 2023, му оддаде признание на првиот човек на федерацијата Живко Мукаетов.

    Со Мукаетов на чело на Ракометната федерација на Македонија, организациското ниво е подигнато на највисоко ниво, а условите за сите селекции се беспрекорни.

    – Почитуваниот господин Живко Мукаетов, таков претседател во вакво време, во вакви услови кои што ги имаме, личиме на модерна европска репрезентација, тешко дека ќе најдеме. Доколку се случи нешто ново, без никакво потценување на новиот, мислам дека ќе падне нашето ниво, организациски и сите услови кои ги имаме со чартери и со сите други работи. Ако се прашувам лично јас како селектор и играч, сум презадоволен, имаме од нивна страна од целото раководство, на чело со господинот Мукаетов максимални услови. Само треба да напредуваме играчки за да расте репрезентацијата не само организациски – истакна Лазаров.

    Изјавата на Лазаров доаѓа по неодамнешната изјава на Живко Мукаетов дека е време во РФМ да дојде друг човек. По синоќешната голема победа на Чешка, која ѝ донесе пласман на Македонија на Мундијалот уште една вест за заминување проструи во етерот. Пивотот Стојанче Стоилов објави дека се повлекува од репрезентацијата, оставајќи простор на помладите.

    – Сакам да најавам крај на репрезентативната кариера. Ми беше чест и задоволство 15 години да бидам тука, со гордост го носев овој дрес. Има многу играчи што треба да се набројат. Ќе почнам со Кире, ти благодарам за сѐ што направивме и не направиме. Тука е и Жути (Миркуловски) кој го остави здравјето настапувајќи за репрезентацијата. Оваа моја одлука е поради тоа што веќе чувствувам дека телото не ги издржува овие напори. Фала на цела македонска јавност, ми беше чест да играм за Македонија – изјави Стоилов.

    Одлуката за репрезентативна пензија на Стоилов, предизвика многу емоции кај селекторот Кире Лазаров кој не успеа да ги задржи солзите на заедничката прес-конференција.
    – Според мене Столе ни е потребен. Меѓутоа, ја почитувам неговата одлука. Нема да биде лесно без него и без Миркуловски. Капа доле – рече Лазаров.

    Македонската репрезентација синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ ја победи Чешка со 27:25 и избори учество на Светското првенство 2023 година во Полска и Шведска.

    Ракометарите на Чешка не го кријат огромното разочарување по синоќешниот пораз (25:27) во Скопје и пропуштената шанса да се пласираат на Светското првенство 2023.

    Тие не можат да сфатат како загубија од македонската селекција за која велат дека е непопуларен противник, а пред три месеци им се спротивставувале на големите ракометни сили.

    – Непопуларниот противник повторно стана фатален. Репрезентацијата можеше да се пласира на Светското првенство по осум години, но против Македонија не ја потврди улогата на фаворит. Во јануари имавме бестрашен и тимски настап на Европското првенство. Ремизиравме со подоцнежните победници Швеѓаните, го измачувавме финалистот Шпанија. Но, три месеци подоцна ни се случи разочарување. Психолошкиот товар беше преголем. Имавме кочница на главите – изјави капитенот Томаш Бабак.

    Чешките медиуми не пропуштаат да ја истакната атмосферата во „Борис Трајковски“ за која пишуваат дека е бурна и дека е многу тешко да се игра.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img