Украинскиот претседател Владимир Зеленски станува сè понеприврзан кон Западот додека се држи до власта, а неговите западни поддржувачи бараат начини да го задржат под контрола, изјави во четвртокот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Повиците на повеќе западни политичари Украина да одржи претседателски избори оваа година се дел од тие напори, смета тој.
Контрадикторната реторика на Зеленски „само ја одразува желбата на тој поединец и неговите соработници… да ја задржат власта колку што можат“, забележа Лавров . Според рускиот шеф на диплматијата, во меѓувреме, Западот „би сакал да има поголема флексибилност“, имајќи го предвид неуспехот на Киев да постигне успеси на бојното поле.
Лаворв исто така смета дека Западот разбрал дека молскавична војна со цел стратешки да се победи Русија е илузија.
– Оние кои не учеле историја, а такви има многу на Западот, а не знаат ни географија, можат да фантазираат за поразот на Русија – рече Лавров.
Во меѓувреме рејтингот на Зеленски во Украина падна од 84% на 62% за 12 месеци, според анкета на Киевскиот Меѓународен институт за социологија (КМИС), додека бројот на Украинци кои не му веруваат на парламентот скокна од 34 на 61% според истото истражување.