Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска пристигна во Малта, во прва посета на земја од Европската унија (ЕУ) од почетокот на војната во Украина во 2022 година.
Лавров не им се обрати на новинарите пред министерските состаноци на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Шефот на руската дипломатија, кој е под санкции на ЕУ, не ја посетил Унијата од неговото патување во Стокхолм во декември 2021 година, исто така за состанокот на ОБСЕ, јавуваат руските медиуми.