More

    Лавров ја критикуваше „опасната“ политика на САД кон Северна Кореја

    spot_img

    Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска во Пјонгјанг имаше средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.

    Лавров ја поздрави Северна Кореја како „близок сосед и долгогодишен партнер“ на Русија во посетата што се очекува да го отвори патот за можно патување на претседателот Владимир Путин подоцна оваа година.

    Исто така, Лавров ја оцени како „опасна“ американската политика кон Северна Кореја. Тој тврди дека САД поставуваат „стратешка инфраструктура, вклучително и нуклеарни елементи“ во регионот, пренесува Дојче веле.

    – Како и нашите севернокорејски пријатели, ние сме сериозно загрижени поради интензивирањето на воената активност на САД, Јапонија и Јужна Кореја во регионот и од политиката на Вашингтон. Ние се спротивставуваме на оваа неконструктивна и опасна патека, рече Лавров.

    Лавров и се заблагодари на Северна Кореја за силната поддршка за руската војна против Украина.

    Министерството не соопшти никакви детали за состанокот, кој, според државната новинска агенција ТАСС, траел нешто повеќе од еден час.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img