Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и придружбата на Путин кои го придружуваа за време на вчерашната посета на Северна Кореја беа брутално понижени. Морале да ја напуштат просторијата за преговори бидејќи влегле пред лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун. Работите да бидат уште полоши, сето ова беше емитувано во живо на државната телевизија на Северна Кореја.
Руските министри Денис Мантуров, Виталиј Савелиев, Александар Новак, Андреј Белоусов, како и шефот на дипломатијата Сергеј Лавров влегле во салата каде што требало да се одржи средбата со диктаторот Ким Јонг Ун. Додека седеле, со нив зборувал функционер од Северна Кореја и извикал: „Стоп“.
– Тогаш зошто влеговме? – праша еден од луѓето од руската делегација.
Претставникот на Северна Кореја одговорил дека протоколот мора да се почитува:
– Ве покануваме на маса. Нашите лидери ќе ни се придружат наскоро.
Ова видео стана вирално и масовно се споделува низ светот, особено во западните земји.
Русија и Северна Кореја вчера го потпишаа Договорот за сеопфатно стратешко партнерство.