Лавров бара сериозен договор со САД

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Russian Foreign Minister Sergei Lavrov takes part in the presentation of a collection of archive documents republished to mark the tenth anniversary of Russia's annexation of Crimea from Ukraine, in Moscow, Russia, February 15, 2024. REUTERS/Shamil Zhumatov/Pool
- Advertisement -
Ad image

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека нема да биде лесно да се реши конфликтот во Украина, но и дека Москва не им врти грб на преговорите, туку дека очекува сериозни и конкретни предлози.

– Немаме илузии за лесно решавање на ситуацијата во Украина – изјави рускиот министер за надворешни работи за емисијата „60 минути“, пренесува Риа Новости.

Тој вели дека на Запад зборуваат исклучиво за примирје што ќе му даде можност на Киев да ја врати својата сила, но Москва не би била задоволна со примирје.

– Нема да ни одговара примирје. Потребни ни се сигурни, правно обврзувачки договори кои имаат за цел да ги елиминираат главните причини за конфликтот, вклучително и заедничката безбедност во Европа, проширувањето на НАТО и, се разбира, правата на луѓето кои живеат на териториите и кои зборуваа за повторно обединување со Русија.

Лавров вели и дека Русија нема илузии дека со доаѓањето на Доналд Трамп на власт во САД, во истиот момент сигурно ќе започнат преговорите за Украина.

Според него, Русија била подготвена да стори сè за даночните обврзници на Западот „да не трошат пари на бункери“.

– Ставот на Русија е јасен, таа не поставува услови туку бара веќе неколкупати да се исполни она што е веќе договорено – подвлече Лавров.

Зборувајќи за ризиците од употребата на нуклеарно оружје, Лавров посочи дека Москва не сака да го „загрее прашањето“, но не советува да се тестира трпението на Русија кога станува збор за заштита на националните интереси.

– Кој има уши нека чуе – вели Лавров.

- Advertisement -
Ad image

Шефот на рускоток МНР објасни дека во 2021 година, на иницијатива на Русија, Путин и американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден зедно со лидерите на пет нуклеарни држави и постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации разговарале за употребата на нуклеарно оружје и дека тогаш било истакнато дека во војна со вакво оружје не може да има победници и дека затоа таква војна никогаш не треба да се започне.

– Не е неопходно да се реагира веднаш по бандисткиот напад на Казан, Курска област, Брјанск или врз Белгород. Не е неопходно да се реагира веднаш следното утро. Можете исто така да почекате малку, ние сме трпеливи луѓе. Понекогаш е неопходно да се се мери седум пати и  да се сече еднаш, но се ќе беше во ред ако се мери на тој начин што кога ќе се исече тоа ќе биде засекогаш – рече Лавров.

Руските напади во последните месеци предизвикаа голема штета на воената машина на Украина, додаде рускиот министер.

- Advertisement -
Ad image

Лавров истакна дека многу експерти веруваат дека од Киев и од Западот може да се очекува „сè“ за Нова година и за Божик и дека акциите на Украина се директно кршење на сите антитерористички конвенции.

Share This Article