Лавина шпекулации за нова романса предизвика дружбата на пејачката Шакира и актерот Том Круз на гран при викендот во Формула 1 во Мајами, но „Ју-ес викли“ објави дека нема љубовна врска на повидок.
-Шакира се дружеше со Том на трката, но таа нема интерес да излегува со него. Таа уживаше во негово друштво, но нивното дружење нема да прејде во врска. Таа во моментот не размислува на романса со него или со некој друг. Има многу поважни работи во својот живот и засега е фокусирана на децата и кариерата – рекол извор за американскиот медиум.
– Шакира ги виде онлајн-коментарите дека Том наводно ѝ се додворува и читаше како фановите си го кажуваат своето мислење, но таа смета дека тоа е смешно бидејќи, едноставно, не е вистина. Таа се забавуваше додека разговараа, но тоа беше сè – додал изворот.