Црногорскиот ракометар Владан Липовина кој своевремено го носеше и дресот на Металург, на социјалните мрежи со навредливи зборови го коментираше потегот на Новак Ѓоковиќ кој по победата против Холгер Рун (6-4, 6-4, 6-2) во осминафиналето на Вимблдон иронично и посака „добра ноќ“ на лондонската публика.
„Ужасен парталко. Комплет лигава цела фамилија, пих…“ – напиша Липовина во коментарот.
Англиските медиуми исто така го нападнаа Новак Ѓоковиќ за пресметката со навивачите на Вимблдон.
Веста за неговиот говор веднаш ја пренесе познатиот британски таблоид „Мирор“, со забелешка дека „нападот на Ѓоковиќ е бизарен“. „Мирор“ текстот го наслови со: „Новак Ѓоковиќ започна бизарен напад на Вимблдон и ја нападна публиката која „не го почитува“.
Новак Ѓоковиќ стигна до 60. Грен слем четвртфинале во кариерата откако го совлада Холгер Руне во 3 сета по 2 часа игра.
Дуелот на Централниот терен на Вимблдон означи нова војна со публиката која на моменти го извикуваше името на Руне. Тоа го изнервира српскиот тенисер кој во изјавата по мечот им посака „добраааа ноќ“ на тие што не го почитуваат.
– До сите навивачи кои покажаа почит и останаа до крајот на натпреварот, ви благодарам од се срце, го ценам тоа. На другите кои избраа да покажат непочитување, тоа сум јас, имајте добра ноќ, многу добрааааа ноќ – изјави изнервирано Ѓоковиќ.
Србинот додаде дека не може да го прифати непочитувањето од публиката.
– Не можам да го прифатам тоа. Знам дека го поддржуваа Руне, но тоа беше изговор да бидам исвиркан. Видете, јас сум на теренот повеќе од 20 години. Верувај те ми, знам како функционира. Но, јас се фокусирам на луѓе, кои го платија билетот и го сакаат тенисот – истакна српскиот тенисер.
Потоа, Ѓоковиќ со истата порака се огласи и на социјалните мрежи.
„Непречено до четвртфинале. Добраааааа ноќ“ – напиша Ѓоковиќ.
-Не знам што може да направи Вимблдон. Кога тоа ќе се случи, публиката ги плати тие билети, има право да биде таму и да навива како сака. Прашање е како ќе изберат да се однесуваат и да го поддржат својот играч. Може да кажеме дека судијата може да ги смири, но и тој не може многу. Нема да ја испразнат целата трибина затоа што не се однесуваат правилно. Поради публиката сме всушност глобален спорт. Се обидов да го кажам тоа на теренот. Секако дека ќе го поддржите едниот или другиот, тоа е сосема разбирливо, но ако некој ја премине границата – реагирам – изјави Новак Ѓоковиќ.
Следен противник на Ѓоковиќ на Вимблдон ќе му биде Алекс де Минор, кој со 3-1 го совлада Артур Филс во осминафиналето на лондоснкиот грен-слем.