Чувар на зоолошката градина во Јапонија бил убиен од лав кога се обидел да го намами во пештера со храна.
Кеничи Като, 53-годишен работник во сафари паркот Тохоку во регионот Фукушима, бил пронајден крвав од вратот и онесвестен во кафезот на лавот во четвртокот попладне, изјави за AFP портпаролот на локалната полиција.
„Се верува дека го хранел лавот“, рекол портпаролот, кој не сакал да биде именуван.
Крвава војна на улиците на Шведска, премиерот ја повика војската да помогне: „Ниту една земја во Европа не го доживеала ова“
Претходно беше кажано дека Като се обидел да го намами лавот во кафезот со храна, но не ја заклучил вратата што требало да го одвои од големата мачка.
Като бил ветеран кој 27 години работел со предатори како лавови, тигри и мечки, пишува Daily Mail.