Латино дивата со деколте до папок го „запали“ Инстаграм

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Латино дивата Џенифер Лопез (55) на својот профил на Инстаграм објави видео во кое го рекламира својот бренд на коктели „Делола“, а за таа прилика се појави во свечено празнично издание со кое привлече огромно внимание.

Џеј Ло се појави во црвен фустан со длабоко деколте, кој остави малку простор за фантазијата, а додека го подготвуваше коктелот, вниманието на многумина беше насочено кон друго нешто.

Џенифер Лопез ги воодушеви фановите со нова кампања, додека сите гледаат во нејзиниот црвен деколтиран фустан.

Фустанот од лелеави материјал, кој е вистински летен модел, има деколте кое ги открива речиси целите гради . Колку и да е течна облеката, изгледа дека Џеј Ло во секој момент ќе открие премногу.

 

„Голтка божиќна магија“, напиша пејачката под видеото кое ги воодушеви обожавателите. „Џеј Ло е совршена“, „Секогаш добро презентира“ и „Утре правам коктел“, беа дел од коментарите под снимката на пејачката.

Потсетуваме, Лопез неодамна беше снимена со нејзиниот нов асистент и телохранител, чиј изглед ги воодушеви фановите, додека неодамна се прошири една интересна ситуација од интервју во кое една новинарка се пошегува на сметка на нејзината возраст, што не помина баш најдобро.

Share This Article