Хируршкиот тим на Клиниката за општа и абдоминална хирургија на Универзитетскиот клинички центар на Република Српска самостојно изврши лапароскопска гастректомија во која за прв пат се отстранува целиот или дел од желудникот.
Оваа операција претставува значаен исчекор во натамошниот развој на минимално инвазивната хирургија, што е заложба и на раководството на УКЦ на чело со директорот Владо Ѓајиќ, соопштија од оваа здравствена установа.
УКЦ објасни дека пациентите кои се подложени на лапароскопска гастректомија обично закрепнуваат побрзо постоперативно и чувствуваат помалку болка по процедурата отколку луѓето кои имаат отворена гастректомија.
Пациентите поминуваат помалку време на болничко лекување и побрзо се враќаат на секојдневните активности“, се наведува во соопштението.
Гастректомијата често се користи за лекување на рак на желудникот, а поретко за третман на опасна по живот дебелина, рак на хранопроводникот, пептични улкуси и неканцерогени тумори.
Во хируршкиот тим што ја изврши првата лапароскопска гастректомија беа главниот оператор д-р Велимир Шкрбиќ, лекарите Драган Радуљ и Никола Врањеш, анестезиологот Наташа Мандиќ и техничарот за инструменти Душка Шипка.