Антонио Матеу Лаос, познатиот шпански судија кој го судеше четвртфиналето меѓу Аргентина и Холандија веќе е на пат за Шпанија, бидејќи ФИФА одлучи да го повлече по бројните коментари на јавноста, но и поради тоа што играчите на двата тима, меѓу кои Лионел Меси беа бесни на него, пишува СпортсБриф.
Лаос беше меѓу фаворитите судии кои би го суделе финалето, но сега ќе биде заменет. На мечот Аргентина-Шпанија тој покажа дури 13 жолти картони, на крајот исклучувајќи го Дамфрис поради неспортско однесување кога заврши натпреварот, притоа предизвикувајќи гнев од игнорирање на судирите на теренот и дозволувајќи ситуацијата да се „залепи“.
Лаос важи за судија кој сака да биде „над играчите и играта“, често го свртува вниманието кон себеси и на тоа често се жалат навивачите, а Лионел Меси не го сака уште од времето кога играше во Барселона.
Се „шпекулираше“ дека Лаос е навивач на Реал Мадрид и поради тоа не е во добри односи со Меси, па Аргентинецот особено збесна кога слушна дека ФИФА го делегирала за главен судија на средбата со Холанѓаните.
– Овој натпревар не требаше да заврши вака. Не сакам да зборувам за судиите бидејќи тие ќе ме казнат, но луѓето видоа што се случи. Се плашевме од ова пред натпреварот бидејќи знаеме кој е тој. Мислам дека ФИФА мора да го прегледа ова, не можете да ставите ваков судија да суди толку големи натпревари – рече бесниот Меси, додека неговиот соиграч Емилијано Мартинез беше уште поостар во коментарите.
Во пресрет на утрешниот меч со Хрватска во полуфиналето на Мундијалот, голманот на Аргентина ќе стравува од потенцијални санкции, не само поради зборовите кои ги испрати до судијата Лаос, туку и до Ван Гал, селекторот на Холандија, кого жестоко го проколнуваше. Но, иако овие зборови сè уште можат да се „кријат“, интервјуто на голманот го обиколи светот:
– Тој е убедливо најлошиот судија на Светското првенство. Второто полувреме го продолжи за 10 минути затоа што сакаше да израмнат.