„Велика Британија ќе ја следи соодветната постапка доколку Бенјамин Нетанјаху го посети Обединетото Кралство“.
Ова го изјави британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами, како одговор на прашањето дали Лондон ќе го исполни налогот за апсење на израелскиот премиер на Меѓународниот кривичен суд, пренесоа британските медиуми.
– Го потпишавме Римскиот статут, секогаш бевме посветени на обврските што ги имаме спореед меѓународното право и меѓународното хуманитарно право – изјави Лами на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на Г7, во италијанскиот град Фоџа.
Се разбира, доколку таква посета се случи во ОК, нагласи тој, ќе има судски процес и ќе се следат соодветните процедури.