Косовскиот премиер Аљбин Курти ја посети Косовската академија за јавна безбедност, Вучитрн. Тој не сакаше да зборува за настаните на северот, пренесува РТК.
Шефот на владата накратко за РТК изјави дека на ова прашање ќе одговори во Приштина.
Не се знае дали се очекува прес-конференција во Приштина, но сепак тоа беше изјава за актуелната состојба на северот.
Да потсетиме денеска имаше инциденти кога новите градоначалници на Звечан и Зубин Поток се обидоа да стапат на функција во општинските згради.