Курти во 2001 година не сакал да излезе од затвор бидејќи не ја признавал Југославија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на партијата ЛДП во Србија, Чедомир Јовановиќ, откри дека во 2001 година буквално го молел актуелниот косовски премиер Албин Курти да излезе од затворот во Ниш, откако неговото ослободување беше потпишано од тогашниот претседател Воислав Коштуница, по две и пол години одлежување казна од 15 години, пишуваат српските медиуми.

– Тој тогаш не беше пуштен од затвор, беше одведен од затворот. Денес сите ја критикуваат одлуката на Коштуница да го ослободи, но колку што се против таа одлука, против тоа беше и самиот Курти. Верувале или не, тогаш ми се јави управникот на затворот за да ми каже дека не знае што да прави, бидејќи Курти нема да излезе од затворот, па отидов и разговарав со него. Курти ми рече: „Јас не ја признавам Југославија, не ги признавам одлуките на нејзиниот претседател“. Ако сте ме осудиле на 15 години, ќе седам овде 15 години“. Му реков еј Албин човече, бесмислено е, сите си заминаа. Го изнесоа од затворот. Сè на сè, него местото не му беше во затвор – вели Јовановиќ.

Јовановиќ е активен во дебатата околу германско-францускиот предлог за Косово. Тој ги осуди критиките кои Борис Тадиќ, некогашниот претседател, ги упати до актуелниот претседател, Александар Вучиќ. Тадиќ изјавил дека тоа што е понудено во предлогот е помалку од она што ѝ било понудено на Србија во 2011 година и дека не би потпишувал такво нешто.

Јовановиќ вели дека телефонски го искарал Тадиќ за оваа изјава велејќи му:

– Борис, подобро да се убиеш после тоа што го изјави, отколку да правиш што било друго.

Share This Article