Белград не им дава на косовските Срби да се интегрираат во Косово и ги тера на насилни протести, а притоа тие сепак живеат подобро од Србите во Србија. Ваков е ставот на косовскиот премиер Албин Курти.
Тој во интервју за „Вечерњи лист“ изјави дека на српскиот претседател Александар Вучиќ сака да стане „крал“ и му пречи демократијата, а Косово не се вооружува со дронови затоа што се плаши од Србија, туку е на готовс поради српските воени бази, пренесува Косово онлајн.
Косовскиот премиер наведува дека на северот на Косово имаат мирни и добри денови секогаш кога нема наредба од Белград за насилство.
– Србите во Косово живеат многу подобро од Србите во Србија, но криминалците во Србија живеат многу подобро отколку во Косово. Гледате дека протестите на Вучиќ на Косово се насилни, а протести против Вучиќ во Белград нема. Белград им го отежнува животот на Србите во Косово, Белград не им дозволува да се интегрираат. Луѓето кои не се интегрираат не живеат многу добро, а оние што се интегрираат живеат подобро. Но, Белград не сака тие да живеат подобро, тој сака на некој начин да ги храни тензиите и потенцијалот за дестабилизација – вели Курти.