More

    Курти тврди дека Радоичиќ е „нераскинливо поврзан“ со Вучиќ

    spot_img

    Српскиот претседател Александар Вучиќ се обидува да се огради од потпретседателот на Српска Листа Милан Радоичиќ, кој призна дека ја организирал и спровел акцијата во селото Бањска, но ние сме уверени дека логистиката и наредбите Радоичиќ ги добивал од Белград, а тој бил само егзекутор – изјави премиерот на Косово Албин Курти.

    Радоичиќ призна дека целата операција ја организирал лично тој, без знаење на Белград, затоа што од претходно имале несогласувања со Вучиќ за тоа каков отпор треба да пружат Србите.

    Но Курти на тоа не верува и смета дека е само изговор со политичка заднина.

    – Она што сега се обидуваат да го направат е да го раздвојат Радоичиќ од Вучиќ. Радоичиќ на терен во Бањска, Звечан, го извршуваше тоа што Вучиќ го нарачуваше од Белград. Сме ги виделе заедно на средби во Белград и во Рашка. Значи, ова е типична врска од пред 30 години како меѓу Милошевиќ и Аркан. Сме го гледале тој лош филм. Врската меѓу Вучиќ и Радоичиќ е неразделна, а Србија нема да се откаже од намерата да го дестабилизира Косово, со помош од Русија – рече Курти.

    Косовската полиција од утринава вршеше претреси на три локации каде заплени дел од имотот на Радоичиќ: две возила мерцедес, пет килограми сребро, еден дрон, надзорни камери, компјутери и оружје. Во тек е постапка за одземање на неговата вила на брегот на езерото Газиводе, еден пентхаус и еден ресторан.

    Ситуацијата на северот од Косово е загрижувачка и за НАТО. Одлучено е да се испратат дополнителни трупи, што за Приштина е посакувано затоа што тврди дека српската армија ги зајакнува капацитетите со воена опрема од Русија и од Кина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img