Косовскиот премиер Албин Курти објави дека телефонски разговарал со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, за актуелни теми, вклучително и постизборниот процес во општините на северот на Косово.
„Избраните градоначалници на северот ќе даваат услуги за сите граѓани“, напиша Курти на Твитер по полноќ.
Тој додаде дека е важно да се интензивира дијалогот за целосно спроведување на Основниот договор меѓу Србија и Косово.