Косовскиот премиер Аљбин Курти најави дека Косово оваа недела ќе поднесе барање за членство во Европската унија (ЕУ).
„Пред една година најавивме дека ќе поднесеме апликација за членство, а денеска најавуваме дека оваа недела ќе ја доставиме апликацијата до Европската унија“, рече Курти.
Како што јавија приштинските медиуми, тој рече дека „дојде време статусот на потенцијален кандидат официјално да се претвори во кандидат за членство“.
„Европската унија е земја на мирот и нашата земја има природно место во овој дом“, рече Курти.