Курти го обвини Белград за нападот на каналот Ибар-Лепенец

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека терористичкиот напад од петокот, 29 ноември, на водниот канал Ибар-Лепенец во Зубин Поток, во северно Косово, имал за цел да предизвика непоправлива штета на критичната инфраструктура на Косово, слично на руските напади врз енергетската инфраструктура на Украина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Шефот на косовската влада на вечерашната прес-конференција рече дека во врска со овој напад се преземени низа мерки за откривање и изнесување пред правдата на сторителите на нападот, како и за избегнување на нарушувањата во снабдувањето со основни услуги на граѓаните на Косово.

Според Курти, петочната терористичка акција на косовскиот север е поврзана со последните руски напади во Украина против тамошната енергетска инфраструктура.

– Во контекст на времето и природата на самиот чин, овој напад се чини дека е поврзан со масовните воздушни напади на Руската Федерација против Украина, при што овие напади беа насочени против енергетската инфраструктура во Украина. Еден ден пред нападот, на 28 ноември, руските воени сили со 188 проектили и беспилотни летала ја нападнаа критичната енергетска инфраструктура во Украина, оставајќи ги без струја во пресрет на зимата – изјави Курти.

– Во последните два дена презедовме низа мерки за откривање на сторителите на терористичкиот и криминален напад од една страна и за минимизирање на штетите на инфраструктурата и за идентификување и избегнување на нарушување на снабдување со основни услуги за граѓаните на Косово од другата страна – рече Курти.

Тежината на последиците од овој напад, „доколку ја постигнеше целта“, рече косовскиот премиер, „би била вртоглави“.

– Овој напад имаше за цел да предизвика непоправлива штета на критичната инфраструктура на Косово, загрозувајќи ја националната безбедност и нарушувајќи ги животите на сите граѓани на нашата земја – рече Курти.

Тој ги наброја можните последици од петочниот напад врз критичната инфраструктура на Косово, доколку тој ја постигнеше целта.

– Доколку се постигнеше целта, овој терористички напад потенцијално би предизвикал прекин на електричната енергија од електраната ’Косова Б‘ со недели, оставајќи повеќе од половина од населението на Косово без струја, а 130.000 граѓани на Приштина и без топлинска енергија. Понатаму, ќе го прекиневме водоснабдувањето во Орловиќ (Шкабај), Глоговац (Дренас), Шипол и Балинца, со што без вода ќе останеа над 300 илјади граѓани од Јужна Митровица, Србица (Скендерај), Вучитрн, Северна Митровица, Звечан, Дренас, Косово Поле и Обилиќ, Загрозувајќи го снабдувањето и за над 300 илјади други во Приштина – рече Курти.

- Advertisement -
Ad image

Уште повеќе недели, рече тој, „потенцијално би останале без струја, а со тоа и другите критични услуги кои зависат од електрична енергија, како што се телекомуникациите“.

Курти нагласи дека нападот на север и нападите во Украина имаат сличности, вклучително и нападот со рачни бомби порано неделава врз полициската станица и општината во Звечан.

Тој наведе дека при рациите извршени од косовската полиција биле пронајдени амблеми на руски воени единици, меѓу кои и знамиња користени од Русија во 18-19 век, како и бројна воена опрема.

- Advertisement -
Ad image

– Истовремено го имаме нападот на зградата на општината во Звечан и нападите во Украина. Во Звечан два дена пред тоа го имавме нападот против полициската станица и сега инфраструктурата на север, исто како во Украина. За оваа поврзаност да биде повидлива е фактот што при контролите извршени од косовската полиција на различни локации, покрај многу оружје и воена опрема, пронајдени се и десетици амблеми на руски воени единици. Овие амблеми главно припаѓаат на специјализирани единици за при извршување на специјални воени операции, а покрај нив, пронајдени се и знамиња на руското царско крило, знаме што го користела Русија во 18-19 век – изјави тој.

Курти нагласи дека Србија се обидува да ги копира руските методи за да го нападне Косово и регионот, „но овие напори не успеаја“, благодарение на, како што рече, „силата на Косово што се потпира на западните демократски вредности и меѓународните партнерства“.

Share This Article