Кулминира револтот во ОУ „Његош“ во Јурумлери

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Иницијативниот одбор на родители на ученици од ООУ „П.П. Његош“ во село Јурумлери, општина Гази Баба, од денеска организира целосен бојкот на наставата во ова училиште, а најави и уличен граѓански протест, по вчерашната изјава на Министерот за образование и наука Јетон Шакири дека започнал постапка за одземање на ингеренциите на општина Гази Баба за ова основно училиште, како и индиректната најава за разрешување на директорката Анита Цветкова.
Бојкотот на наставата почнува денеска (среда), а за во сабота родителите организираат голем граѓански протест со кој ќе биде блокиран регионалниот пат во Јурумлери на клучката кон Драчево од 11:00 до 12:00 часот. За идната недела тие најавуваат блокада на автопатот, а потоа одиме со шатори пред Министерството за образование и наука на 24 часовна блокада!

Вчерашната изјава на министерот за образование Јетон Шакири ја сметаме за тенденциозна и истата оди во насока на создавање на нови проблеми. Министерот за образование и наука Јетон Шакири си поигрува со нас и нашите деца. Ние како родители нема да дозволиме нашите деца да бидат експрименти во рацете на Шакири.

Изразуваме целосна поддршка за директорката на ООУ Његош Анита Цветкова која постапува согласно Законот и во нашето училиште за краток период реализираше проекти кои не биле реализирани години наназад.

Апелираме Министерот Јетон Шакири да се вразуми. Бараме реакција од премиерот Димитар Ковачевски да не молчи и да застане на страна на родителите. Нашите деца не се експрименти“ – се вели во соопштението на иницијативниот одбор на родители на ученици во ООУ „Његош“.

Share This Article